Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот С.С. (28) од селото Јакимово, додека возачот и сопатникот Д.А. (28) од селото Истибања се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.
При увидот, полициските службеници од ОВР Кочани утврдиле дека возачот не поседувал возачка дозвола. Дополнителните проверки покажале дека тој бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,69 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, Д.Н. е лишен од слобода. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МИА
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
