Пијан Босанец дивеел во Австрија: Нападнал полицајци, во станица кршел мебел
Дваесет и петгодишен државјанин на Босна и Херцеговина направил хаос во стан во кој престојувал во Австрија, при што интервенирала полицијата. Како што пренесуваат медиумите, полицијата морала да ангажира и кучиња.
„Кроне.ат“ пишува дека момчето, ноќта помеѓу 30 и 31 јануари, најпрвин ги вознемирувал соседите со гласна музика поради што дошла првата патрола на полицијата. Тој бил во алкохолизирана и многу агресивна состојба, а по отворањето на вратата од станот, почнал да ги пцуе полициските службеници. Полицајците во вториот обид донекаде го смириле, но драмата на завршила тука.
Повторно дошло до интервенција на полицијата, но овој пат со кучиња, бидејќи Босанецот почнал да фрла кеси со ѓубре кон полицајците.
Дивеењето продолжило во полициското возило, а потоа и во полициската станица, каде што тој оштетил делови од мебелот. По инцидентот, тој е во притвор.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба