-->
-->
Пиењето кафе на високи температури е опасно - Еве зошто!
-->

Многумина од нас не можат да замислат да го почнат денот без омилената црна напивка. Меѓутоа, кога е вака пеколно топло попаметно би било да го избегнувате кафето, а особено она попладневното кафе.
Сите се радуваме кога времето е сончево, а особено они кои се во можност во текот на денот можат да отидат до своето омилено кафуле на кафе со пријателите. Сепак, на тропските горештини ова воопшто не е добра идеја. Иако на прв поглед делува дека филџан кафе, кое има моќ да ни го покачи притисокот би можела да биде одлична превенција против топлотен удар, тоа не е така.
Проблемот е во тоа што кафето (исто како и црниот чај) содржи многу кофеин, супстанца која го покачува крвниот притисок, го забрзува пулсот, а може да предизвика и прескокнување на срцето. За жал, тоа покачување на притисокот е само моментално, а токму откако ќе престане дејството на кофеинот може да дојде до стрмоглаво спуштање на притисокот. Сигурно не сакате да ви се слоши, а уште помалку да доживеете инфаркт или мозочен удар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
