Фудбал
28. May 2017 - 12:14

ПФЛ: Работнички - Победа (пренос СИТЕЛ 3 -16:30 ч.)

До крајот на сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија останаа да се одиграат уште две кола, а попладнево на програмата е претпоследното (35) коло. Дербито на колото во Битола го играат освојувачите на двата пехара оваа сезона Пелистер (победник на Купот) и Вардар (шампион).
 
Во Скопје се играат два натпревара. На стадионот во Ѓорче Петров е дуелот на двете екипи кои ја напуштаат Првата лига Македонија ЃП и Брегалница, додека на стадионот во Маџари играат Работнички и Победа. Овој натпревар ќе можете да го следите низ пренос на СИТЕЛ 3 со почеток од 16.30 часот.
Во Тетово играат Ренова и Шкендија, додека во Кратово Силекс е домаќин на Шкупи. Почетокот на сите дуели е во 16:30 часот.
 
Табела: Вардар 79 бодови, Шкендија 66, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 48, Силекс 43, Победа 38, Шкупи 36, Брегалница 21, Македнија ЃП 19.