-->
-->
ПФЛ: По еден бод за Силекс и Вардар
-->

Дерби дуелот од 13.коло од Првата фудбалска лига меѓу Силекс и Вардар заврши без голови и без победник 0:0. Најзрелата шанса за гол ја имаше Силекс но ударот од белата точка во 27 минута на Филип Тимов заврши во пречката.
Лидерот на табелата Шкендија триумфираше на гости во Прилеп против Победа со головите на Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими.
На двата дуела во Скопје минимални победи за домашните екипи. Работнички ја постигна и третата победа во низа откако го совлада Шкупи, додека последнопласираниот Скопје со триумфот на Пелистер ја постигна првата победа.
Резултати на натпреварите од 13.коло:
Скопје - Пелистер 1:0,
Победа - Шкендија 0:2,
Работнички - Шкупи 1:0,
Силекс - Вардар 0:0,
Ренова - Академија Пандев 3:1 (играно вчера).
Табела: Шкендија 31 бод, Академија Пандев 21, Вардар 20, Силекс 19, Ренова 17, Работнички 16, Шкупи 15, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
