Македонија
26. July 2020 - 12:29

Петти потврден случај на коронавирус во Кавадарци во еден ден

Петти потврден случај на коронавирус во Кавадарци во еден ден бележи кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Ова денеска за МИА го потврди докторот Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог.

Станува збор за 64-годишен пензионер со лесна клиничка слика, кој е на домашно лекување.

За разлика од претходните четири случаи потврдени утринава кои имале контакт со заболени лица, пензионерот не знаел од каде се заразил. Се работи на неговите контакти со цел нивна изолација.