Петти ден кампања на кандидатите за локалните избори
Скопје ќе биде почист град, каде автомобилите ќе се заменат со велосипеди благодарение на модерната инфраструктура која ќе ги поврзува сите делови на градот. Јавната администрација ќе биде поефикасна, а повторно ќе заживее и културата -ова се само дел од проектите на кандидатката за градоначалничка Данела Арсовска која ветува дека ќе ги оствари доколку ја добие довербата од граѓаните.
За разлика од неа, првиот човек на Град Скопје Петре Шилегов , доколку повторно победи, ќе се посвети на решавање на проблемот со сообраќајниот метеж во градов. Денеска тој беше на увид на градежните активности на булеварот Борис Трајковски, кој како што посочи Шилегов ќе биде од големо значење, особено за жителите на Драчево.
Централниот караван на СДСМ вечер ќе биде во Велес, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обратат пред битолчани. Левија е во Кочани, а Алијанса за албанците во Кичево. ЛДП ќе се претстави во Радовиш, а ДУИ својата програма ќе ја промовира во Арачиново.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
