Македонија
28. February 2017 - 18:26

Петрушевски: Раководството и цело ВМРО да се приклучи на иницијативата „За заедничка Македонија“

Го повикуваме раководството на ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да нè поддржи, масовно во одбрана на унитарна и заедничка Македонија, истакна актерот Ванчо Петрушевски кој се приклучи на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

-Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана и очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и посакува иднина да се приклучи кон нас. Еднаш засекогаш да се знае дека седење настрана нема. Потребна е акција. Сега дојде времето. Ајде сите заедно за заедничка Македонија, вели Петрушевски.

Тој додаде дека немаме друга татковина и сите заедно треба да се за Македонија.