Петрушевски: Не се работи за партии, политички кариери и функции, се работи за нашата Македонија
Јас сум роден овде во Македонија, тука биле моите прадедовци, нашите татковци, треба да живеат и нашите синови. Дојде време за одбрана на унитарна и заедничка Македонија. Дојде време да застанеме сите сплотено под знамето на Македонија. Ова се последните мигови кога можеме да ја одбраниме Македонја, таква каква што ни ја оставија нашите предци. Веќе не се работи на партии, политички кариери и функции, се работи за поважна работа, се работи за нашата Македонија.
Тој го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да ги поддржи, масовно во одбрана на унитарна и заедничка Македонија.
-Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана и очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и посакува иднина да се приклучи кон нас. Еднаш засекогаш да се знае дека седење настрана нема. Потребна е акција. Сега дојде времето. Ајде сите заедно за заедничка Македонија, вели Петрушевски.
Тој додаде дека немаме друга татковина и сите заедно треба да се за Македонија.
Ново на Сител
-
Перински: Никој жив не може да пресмета колку должи ЈСП
-
ССМ охрабрени по ветувањата што им ги дал премиерот
-
Владата не очекува раст на цените
-
Трипуновски: Исплата на сите заостанати субвенции
-
АХВ во превенција и заштита од болеста чума кај малите преживари
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Може ли Македонија во ЕУ со политиката - Уставни измени со одложено дејство?
-
Запален автомобилот на новинарот Серсемов