Петрушевски: Градоначалникот на Крива Паланка е избран да се грижи за народот, а не да тепа граѓани
Насилството стана белег на СДС и нивните функционери. Навредуваат, етикетираат, а сега веќе почнаа и да тепаат граѓани. За жал најдобар пример за тоа е градоначалникот на Крива Паланка, кадар на СДС, Сашко Митовски кој на 14 јануари во алкохолизирана состојба и без никаква причина нападнал полицаец, граѓанин, а згора на сето тоа вршел притисок врз жртвата да не го пријавува случајот.
МВР на Спасовски и правосудните институции под контрола на СДС да не помислуваат да го забошотат случајот. На МВР му требаа 4 дена да го објави овој случај, периодот кој најверојатно бил искористен да се вршат притисок. Но видоа дека притисокот на јавноста е голем и народот веќе не им се плаши. Ваков скандал на насилство на градоначалник врз граѓанин не може да помине само со укор, условна казна или ослободителна пресуда за Митовски.
Овој човек не заслужува да ја врши функцијата градоначалник. Бил избран од народот да работи за нивните интереси, а тој позицијата на моќ ја користи да ги тепа граѓаните и да врши притисоци. Затоа овој случај не е обичен случај на насилство забележан во полицискиот билтен. Затоа Митовски треба да си поднесе оставка, за да не влијае на постапката и да не го повтори делото во некоја негова нова афектна состојба.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Возач од Швајцарија приведен во Тетово, возел скоро двојно побрзо од дозволеното
-
Иран погуби човек осуден за шпионажа во корист на Израел
-
Двајца убиени, 10 повредени во руски напади во Запорожје
-
Илиевски: Функционираме како тим, очекувам да бидеме подобри во нападот
-
Кокаин запленет од дом на 20-годишен скопјанец | ФОТО
-
Зголемен број пациенти со убоди од инсекти во Куманово
-
Путин го прими специјалниот прaтеник на САД, Виткоф, јавија руските медиуми
-
Зеленски го повика Вашингтон да го зголеми притисокот врз Русија за време на посетата на Виткоф на Москва