Петровска во посета на македонските војници во Романија
Министерката за одбрана Славјанка Петровска во рамките на официјалниот престој во Романија, во касарната Отопени ги посетила војниците од македонскиот контингент кои се дел од Мултинационалните сили на НАТО сместени во оваа сојузничка земја.
-Ги слушнав оценките на вашите претпоставени дека вашиот ангажман и посветеноста се на навистина највисоко ниво. Заедно со останатите нации, секој ден работите и учествувате во сите вежби и сите активности и давате позитивен пример и вие и колегите од претходната ротација, истакнала министерката на средбата со војниците.
Како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска додала дека припадниците на Армијата кои ќе пристигнат со следната ротација ќе имаат сериозен предизвик да остават исто така добар впечаток.
-Секој еден од вас дава свој личен придонес за колективната безбедност и за успехот на Северна Македонија како членка на НАТО, нагласила министерката Петровска заблагодарувајќи им се војниците од македонскиот контингент во Мултинационалните сили на НАТО во Романија.
Таа посочила дека високите оценки за секој од 35 - мината македонски војници во овие НАТО сили, ја оправдуваат довербата што ја добиле од Министерството и Генералштабот и им порачала да продолжат да бидат посветени како и досега, да даваат сè од себе, да создадат пријателства и познанства кои ќе траат вечно и да се вратат назад во својата земја, кај своите семејства побогати за едно големо искуство.
Петровска во базата Отопени го посетила павилјонот каде се сместени македонските војници, по што бил организиран и ручек со сите припадници на Армијата.
Пред командантот на Мултинационалните сили, бригадниот генерал Константин Николаеску, и членовите на штабот, министерката Петровска се заблагодарила за топлиот пречек и за несебичниот придонес на сите НАТО војници во оваа мисија, кој, како што рекла таа, е потврда дека НАТО заштитува, обединува и зацврстува.
-Исклучително сум благодарна за силната поддршка која му ја давате на македонскиот контингент. Уверена сум дека секој припадник на Армијата дава свој придонес и дека нераскинливите врски кои ги создадовте ќе траат вечно, порачала министерката.
Северна Македонија својот придонес во рамки на Мултинационалните сили на НАТО во Романија го започна во ноември 2022 година, со испраќање на единица во јачина од еден вод, односно 35 припадници во рамките на овие НАТО сили. Целта на Мултинационалните сили на НАТО во источното крило на Алијансата е да ја зацврстат колективната безбедност и да го демонстрираат единството на земјите-членки во заштита на секоја педа сојузничка територија.
Ново на Сител
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години