Петровска: Сојузничка поддршка од 78 милиони долари од САД за модерна и напредна Армија
– Партнерството меѓу Република Северна Македонија и САД не значи само политичка поддршка, значи и соработка и поддршка во градењето и унапредувањето на способностите и капацитетите на нашата Армија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со американската сојузничката поддршка во износ од 78 милиони долари, наменета за модернизација, опремување и унапредување на капацитетите на Армијата.
– Изминативе 30 години САД се нашиот стратешки партнер и сојузник во остварувањето на овие цели. Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги достигнеме НАТО целите на способности и ќе ни овозможат уште поинтензивно да ги развиваме нашите капацитети – да се модернизираме, да се опремуваме, да имаме посилна сајбер одбрана. Модерна и напредна Армија, вели министерката Петровска во изјавата.
Таа посочува дела Армијата нема време и во Армијата нема простор за деструкции и импровизации, бидејќи им служи на државата и на сите граѓани.
– Почитувани пријатели од САД, благодарам што ги препознавате напредните и развојни процеси во Министерството за одбрана и Армијата и ги поддржувате и токму затоа и понатаму ќе продолжиме да ги споделуваме истите вредности, истите принципи: демократски свет, заснован на меѓународен поредок кој гарантира безбедност и меѓусебно почитување, додава Петревска во изјавата.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор