Петровска: СДСМ и институциите кои ги предводи се силно посветени на бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и институциите кои ги предводи се силно посветени на бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата.
Ова е борба која бара постојано стратешко зајакнување и унапредување на капацитетите на националните институции во следењето на текот на финансиите, откривањето на евентуално прикривање и трансфер на нелегално стекнатиот имот во светските даночни оази или на трети лица.
Досегашната примена на постојните законски прописи покажа одредени слабости, како и оневозможување на институциите целосно да ја спроведат конфискацијата на имотот.
Токму затоа, во насока на отстранување на овие недоследности во фаза на подготовка е Законот за потекло за имот, кој предвидува проверка на сомнително стекнат имот и отвора можност за негова конфискација.
Законот се изготвува од домашни и странски експерти, и влегува во фаза на јавни дебати со сите засегнати страни, како и политичките чинители во општеството.
Законот ќе важи за сите граѓани без разлика дали остварувале јавни должности и функции, ќе важи и за сите претходни, но и актуелни политичари, а истотака истрага ќе се врши и доколку имотот е префрлен на трети лица.
Со ова законско решение, за прв пат се воведува контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните.
Ова е сериозен чекор што се прави за првпат по 30 години со кој се отстрануваат воочените системски слабости и се создаваат услови конфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист да бидат императив за правдата да се истера до крај.
Покажавме дека нема исклучоци, нема заштита за никого, нема недопирливи, а криминалот е неисплатлив.
Со заложбите и посветената работа на СДСМ, времето на неказнивост, избегнување на правдата, изигрување на законите, сега е минато.
Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ
Ново на Сител
-
ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет
-
Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути
-
Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи
-
Обвинителството поднело жалба за мерката куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на Кеј и избега
-
Бајач oд скопско наплатил 400.000 евра на брачен пар за да растури „зла магија“ направена на нивниот син | ФОТО
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни