Петровска: Придонесот на Командата за операции е сеопфатен, ќе продолжи процесот на опремување и модернизација
Припадниците на Армијата кои со своето учество во мултинационалните сили во НАТО, Латвија, Романија и Бугарија даваат суштински придонес кон колективната безбедност на НАТО, во најголем дел доаѓаат токму од Командата за операции. Вашиот придонес е сеопфатен, а ние ќе работиме на подобрување на условите и на поголема мотивираност кај секој припадник од единиците на Командата, порача денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска по повод 17 октомври - Денот на Командата за операции.
Таа во своето обраќање во касарната „Боро Менков“ во Куманово рече дека Командата за операции, најголемата команда во Армијата, која е и столбот на македонската Армија, во себе ги вклучува сите видови на родови и служби во Армијата и истите успешно ги спојува во една професионална, мотивирана и добро обучена сила чија основна цел е безбедноста на татковината и сигурноста на сите наши граѓани.
Министерката информираше дека процесот на модернизација и опремување е процес кој ќе продолжи да се движи со позабрзано темпо.
-Во буџетот, кој веќе е во фаза на планирање, за следната година се издвојуваат два проценти од БДП за одбраната, а веќе една третина ќе биде и понатаму наменета за продолжување токму на процесот на модернизација. Тоа значи дека можеме со сигурност да кажеме дека Армијата ќе продолжи континуирано да се опремува со нова, модерна и софистицирана воена опрема, додаде Петровска.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман