Петровска: Европската интеграција на Северна Македонија не треба да се одлага
– Министерката за одбрана Славјанка Петровска рано утрово по американско време во Белата куќа имаше средба со Аманда Слот, директор за Европа, со Дејвид Фабрицки, директор за НАТО и европски прашања и Адмир Музурович, директор за Балкан и Централна Европа при Советот за национална безбедност.
На средбата, како што информира Министерството за одбрана, стана збор за севкупната безбедносна состојба на европскиот континент, која бара единство, сојузништво и брза и ефикасна интеграција. Министерката Петровска порача дека токму процесот на европска интеграција стана безбедносно прашање од највисок приоритет при што ја поздрави силната американска поддршка за неодложен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ.
-Прашањето на почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, особено во денешната безбедносна реалност во Европа е прашање од највисок приоритет. Европа и НАТО мора да останат обединети во осудата на руската агресија врз Украина и мора да работат на уште посилна интеграција на земјите кои ги споделуваат истите вредности. Северна Македонија со фактот дека е целосно усогласена со европската надворешна и безбедносна политика покажа дека е вистински партнер и дека својата иднина ја гледа во Унијата, рече министерката Петровска.
Петровска подвлече дека позитивна одлука за почетокот на преговорите е потребна веднаш зашто на тој начин ќе се зацврсти безбедноста на регионот, како важен геополитички дел на Европа, ќе се оневозможи влијанието на трети земји во Западниот Балкан и ќе се зачува кредибилитетот на ЕУ.
На средбата стана збор и за справувањето со хибридните закани, вклучувајќи ги и дезинформациите кои можат да имаат дестабилизирачки ефект во општествата во регионот.
Директорката Слот, како што се наведува, изрази силна и непоколеблива поддршка за европската интеграција на Северна Македонија, за која рече дека не треба да трпи понатамошно одлагање.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бројот на вработените во првиот квартал е добра вест за граѓаните, лоша за опозицијата
-

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе
-

Муцунски: Наша цел како Влада е не само државата да ги почне преговорите, туку и да ги заврши доколку се спроведат реформите
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
