Петнаесет заболени од грип во Делчево и Македонска Каменица
Петнаесет заболени од грип се регистрирани овој месец во Делчево и во Македонска Каменица. Од нив, 10 се од Македонска Каменица, а пет од Делчево.
Јелица Стојковска од епидемиолошката служба од Делчево изјави дека бројот на заболени од грип во овој период е значително помал споредено со минатата година.
Матичните лекари потврдуваат дека овој период има зголемен број на заболени со вирози.
- Имаме зголемен број на пациенти што е карактеристично за овој период од годината. Најчесто предизвикувачот на инфекции на горните дишни патишта во 90 отсто е вирус и станува збор за обични настинки предизвикани од риновирус, аденовируси. Инфлуенцата како тип на вирус доаѓа дури четврта по ред, а за кој тип на вирус се работи се докажува само лабораториски, истакна Соња Мавродиева-Ѓеоргиевска, специјалист по семејна медицина.
Таа апелираше до пациентите да не земаат антибиотици на своја рака.
- Ние како лекари сакаме да ја покренеме здравствената култура на нашите граѓани и да им докажеме на пациентите дека за вирусите се зема само симптоматска терапија, а не антбиотици кои не делуваат на вирусите, рече Мавродиева - Ѓеоргиевска.
Во Делчево и Македонска Каменица се вакцинирани 591 пациент, главно постари и изнемоштени лица и лица со хронични заболувања.
Ново на Сител
-
Аморим по триумфот во градското дерби: Беше неверојатно, но ја заслуживме победата
-
МВР објави оглас за прием на 600 нови полицајци
-
Седници на шест собраниски комисии
-
На Попова Шапка -10 степени и 44 сантиметри снег
-
Седница на Државната изборна комисија
-
Три земјотреси во текот на ноќта во Македонија
-
Груби преку социјалните мрежи појасни дека е Косово во приватна посета
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата