Петнаесет години од масакрот кај Вејце

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе положи цвеќе пред Споменикот на загинатите припадници на безбедносните сили.
Покрај Димитриев, цвеќе ќе положат и министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал - потполковник Методија Величковски.
Денеска се навршуваат 15 години од масакрот кај Вејце, во кој загинаа осум припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи во конфликтот во 2001 година. Кај Вејце загинаа бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин.
При посетата на касарната, Димитриев заедно со министерот Јолевски и началникот на ГШ на АРМ, Величковски ќе присуствуваат и показна вежба на припадниците на Армијата.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
