Петмина војници убиени во експлозија во Могадишу

Во експлозијата на автомобил-бомба пред рездиенцијата на претседателот на Сомалија, загинаа петмина војници. Радио-станицата на групата Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, соопшти дека оваа група стои зад нападот.
- Засега знаеме дека пет сомалиски војниц загинаа во експлозијата, која се случи пред хотелот Сомалиска младинска лига (SYL), кој се наоѓа пред претседателската палата. Веруваме дека цел на нападот бил хотелот, во кој често престојуваат локални функционери. Бројот на жртви би можел да се зголеми, изјави полицискиот функционер Абдикадир Хусеин.
Како што пренесува Ал Џезира, од денешната експлозија делумно уништени се два хотела, кои се наоѓаат спроти резиденцијата.
Инаку, Ал Шабаб ја презеде одговорноста и за некои од претходните напади во Могадишу, вклучувајќи ја и експлозијата на автомобил-бомба и напад на популарна плажа, при што загинаа 10 лица.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
