Петмина Палестинци загинаа во судири со израелската армија во северниот дел на Западниот Брег
Петмина Палестинци загинаа во судирите со израелската армија во секторот Тулкарем на северот на Западниот Брег – двајца од Палестинците биле смртно застрелани, а другите тројца загинале во напад со беспилотно летало.
Убиените се мажи на возраст меѓу 21 и 29 години. Тие беа убиени за време на операција на израелската армија во Тулкарем, изјави Амин Хадер, директор на болницата Табет.
Палестинското Министерство за здравство синоќа објави дека 14 лица се убиени во Џенин, на Западниот Брег, во напад на израелските сили – најсмртоносен на таа територија од 2005 година.
Израелската војска соопшти дека тие операции се одговор на значителното зголемување на терористичките акти на Западниот Брег од почетокот на војната со Хамас во Појасот Газа.
Оттогаш имало над 550 обиди за напади. Од почетокот на војната, околу 180 Палестинци се убиени на Западниот Брег од војската или од еврејски доселеници, според Министерството за здравство на Хамас.
Ново на Сител
-
Две жртви во сообраќајна несреќа кај охридското село Ботун
-
Викедов студен бран и врнежи од снег и дожд
-
Забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег
-
Сиљановска Давкова: Нема поголемо богатство од човечкиот капитал, неопходни се мерки за задржување на младите
-
Коцевски: Ако евентуално сум згрешил условите за мое разрешување се содржани во Законот
-
Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме
-
Грузија: Уапсени 43 лица за време на антивладините демонстрации
-
Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата