Петковиќ: Во Брисел нема напредок во новата рунда дијалог меѓу Приштина и Белград
Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ денеска во Брисел по новата рунда дијалог со Приштина на техничко ниво изјави дека ништо не е договорено, дека нема напредок и дека косовската страна тврди дека не знае што е тоа Сојуз на српски општини (ЗСО), јави дописникот на МИА од Белград.
Петковиќ изјави дека разговорите не биле лесни и дека однесувањето на главниот преговарач на Приштина, Бесник Бисљими, „било скандалозно“, како што рече, бидејќи дошол неподготвен и одбил да разговара на која било тема.
– Бисљими дојде сам, без документи, а кога требаше да зборуваме за натамошното спроведување на формирањето на ЗСО или за прашањето за исчезнатите и слободата на движење и други важни прашања како што е институционалното насилство, не сакаше да даде какви било конкретни одговори и со неговите упади се обидуваше да го направи дијалогот бесмислен, рече Петковиќ.
Според него, Бисљими не сакал да зборува ниту за енергетиката, на под ги фрлил доказите дека на новинарката на РТС и бил забранет влез во Косово, а повикувањето на повелбата на ОН го оценил како „зборување глупости“, односно, според Петковиќ, тој само сакал да исценира разговор што всушност таму го немало.
Петковиќ оцени дека Приштина уште еднаш покажала дека нема намера да формира ЗСО и повтори дека Бисљими, кому неколкупати му се обратил Албин Курти (премиерот на Косово), рекол дека „не знае што е тоа“.
Новата рунда преговори во Брисел почна утрово со средбата на специјалниот преговарач на ЕУ, Мирослав Лајчак, со српската делегација на чело со Петар Петковиќ.
Ова е прва средба на главните преговарачи на Србија и Косово по средбата на високо ниво меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел.
Ново на Сител
-
Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање
-
Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
-
Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја
-
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал
-
Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
-
Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца
-
Словенец измамен за речиси 40.000 евра во крипто-заговор
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек