Петковиќ: Приштина вчерашниот настан го искористи како причина за терор на северот на Косово
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека Приштина го искористила вчерашниот настан како повод за „најгол терор на северот на Косово, каде што специјалните сили на Курти во текот на денот ги малтретирале српските цивили“ и упати сочувство до семејствата на убиените Срби и убиениот албански полицаец, јави дописникот на МИА од Белград.
-Ако Кфор и Еулекс во изминатата година беа пасивни на теророт на Курти, и покрај тоа што речиси секојдневно предупредувавме дека ситуацијата може да излезе од контрола, сега е последен момент да преземат одлучни мерки за да го запрат дивеењето на албанската полиција на северот на Косово, за да завладее мир, се наведува во соопштението.
Тој апелираше до меѓународната заедница итно да преземе конкретни чекори за „воената и окупациската политика на Курти се скроти, а регионот да биде поштеден од уште едно назадување на тешко стекнатиот мир“.
-Во изминатата година од Белград постојано се испраќаа предупредувања до меѓународната заедница дека секојдневното насилство и провокации на Албин Курти кон српскиот народ на северот на Косово и Метохија може да доведат до трагедија и несогледливи последици.
За жал, тоа се случи вчера, рече Петковиќ. Тој додаде дека Курти упорно ја уништувал секоја можност за дијалог и нормализација на односите, „ се додека не се пролеа крв на северот на Косово“.
-Северот на Косово и Метохија беше област на мирен соживот, додека таму не почнаа да дејствуваат специјалните сили на Курти, а Курти го спроведуваше својот план за етничко чистење на Србите, се наведува во соопштението на Петковиќ.
Тој истакна дека за време на вчерашните настани во Звечан „специјалните единици на Курти монструозно посакувале смрт на Србите и бурно им се смееле на застреланите Срби“.
-Затоа го поддржуваме барањето на Српската листа меѓународните мисии да спроведат непристрасна истрага за дејствијата на косовските специјалци за време на настаните во Звечан, рече Петковиќ.
Тој нагласи дека Србите на северот на Косово минуваат низ невиден терор „за кој нема да слушнете ниту збор на осуда од меѓународните претставници“, како и дека од синоќа специјалците сили Росу влегуваат во српските куќи и тепаат цивили, удирајќи им шлаканици и ги навредуваат.
-Во текот на денот на север во базата Росу во Брњак неколку часа се задржани возач и техничар на српската медицинска служба.
Провалени се делови од комплексот Рајска бања, а тројца вработени се самоволно уапсени. Косовската полиција ги демолираше и просториите на Поштата во Бањска, се наведува во соопштението.
Петковиќ во име на Канцеларијата за Косово и Метохија изрази длабоко сочувство до семејствата на Србите кои загинаа во вчерашните трагични настани во селото Бањска во општина Звечан, како и до семејството на загинатиот албански полицаец.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат