Петков: Уште утре да се договориме за авионска линија Софија-Скопје

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за Сител истакна дека за да се подобрат односите меѓу двете земји треба да се направат работни групи на повеќе сектори, и тие ќе разговараат на многу конкретни теми, како на пример инфраструктура.
-Прво да имаме авионска линија Софија-Скопје, затоа што треба да има. Јас сум сигурен дека ќе наполниме еден лет само од работните групи кои ќе одат и тука и таму. Второ да се заврши железничката линија која се гради 140 години. Тие работи придвижуваат, рече Петков.
Петков потенцираше дека низ годините секоја од страните многу зборубвала, многу ветувала но не исполнувала многу од работите.
-Треба да направиме план - што ветуваме малку или многу но да се реализира. Тоа ќе создаде чувство на доверба, и кога ќе се довериш некому ќе видиш дека успехот носи повеќе успех. Треба да покажеме конкретен чекор кон успех. Јас сега на првата средба со мене го зимам министерот за транспорт, бидејќи сакам тие теми да не бидат предмет на разговор уштње три недели туку за таа авио линија Софија-Скопје да се договориме што се вели уште утре. Зошто да чекаме? Тој е тој приод. И откако ќе го завршиме тоа, веќе сме го направиле првиот успех. Следува вториот, па третиот и така да ги наредиме успесите и патоказот и да има дисциплина, вели Петков.
Ново на Сител
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
