Петков: Изборот во Бугарија е меѓу враќање назад во минатото и нова Бугарија
– Поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, кој е копретседател на партијата „Промените продолжуваат“, откако го даде својот глас на вонредните парламентарни избори изјави дека денешното гласање во Бугарија е многу важно.
-Изборот е меѓу враќање во годините на транзицијата и нова и изменета Бугарија, рече Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков кажа дека верува дека сите Бугари во овој момент ќе го направат изборот земјата да тргне напред. Тој кажа дека освен зголемување на приходите на пензионерите, ќе има и зголемување на просечната плата во Бугарија.
-Сите Бугари се надеваат дека секој млад Бугарин ќе ја избере Бугарија за свој дом, дека многу Бугари ќе се вратат од странство, дека ќе имаме просперитетна, способна, земја без корупција, додаде Петков.
Тој кажа дека очекува „Промените продолжуват“, со јасна коалиција околу себе, да управува со бугарскиот народ.
Ново на Сител
-
НАТО го засилува присуството на Балтикот откако во Данска се видени дронови
-
Лишени од слобода двајца Скопјани, при претрес пронајдена марихуана
-
При претрес во велешко пронајдена дрога, приведени две лица | ФОТО
-
Техеран го опиша како „неоправдано“ повторното воведување на санкциите на ОН кон Иран
-
Сиљановска-Давкова од Детроит: Државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти врските со дијаспората
-
Маж осомничен за изнуда на пари од жена во странство, со закани и барал 15 илјади евра
-
Честитка од претседателот на Собранието, Гаши по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците
-
ИДФ: Погодени се 140 цели во Газа