Петиција со барање на Петер Хандке да му се одземе Нобеловата награда за литература
Поради радикалните идеолошки погледи и десничарската ангажираност на австрискиот писател Питер Хандке, покрената е петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година.
„Во момент на пораст на национализмот, автократското лидерство и раширените дезинформации во светот, книжевната заедница заслужува подобро од ова. Длабоко жалиме поради изборот на Нобеловата комисија за литература“, се вели во соопштението на американскиот ПЕН.
Според образложението на Академијата, Хандке ја добил наградата за „влијателно дело кое со јазична инвентивност ја истражи периферијата и специфичноста на човековото искуство“.
– Изненадени сме од изборот на пистаел кој со својот јавен глас ја поткопуваше историската вистина и понуди јавна сервилност на извршителите на геноцид, како што е поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ и лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ, оцени претседателката на американскиот ПЕН Џенифер Иган.
Хандке во 2015 година ја доби награда Почесен граѓанин на Белград, а во 2012 година стана странски член на Српската академија на науки и уметност.
Иако на социјалните медиуми се упатени голем број честитки за наградата, сепак не се малку и оние кои потсетуваат на неговите минати дела, како што е тоа дека тој зборувал пред приврзаници на Милошевиќ на погребот во Пожаревац.
Амбасадорката на Косово во ОН потсети на еден од цитатите на Хандке: Понекогаш би сакал да сум српски православен свештеник кој се бори за Косово. Таа истакна дека во свет полн со брилијантни писатели, Нобеловиот комитет одлучи да награди пропагандист на етничка омраза и насилство.
Ново на Сител
-
Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија
-
Русија се повлекува од Европската конвенција против тортура
-
Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици
-
Русија годинава очекува благ пад на извозот на нафта
-
Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД
-
Опен АИ воведе безбедносни мерки за тинејџери кои ја користат алатката ChatGPT
-
Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир
-
Можноста за воведување на нови авиолинии, тема на средбата меѓу вицепремиерот Николоски и шведскиот амбасадор Солстром