-->
-->
Петгодишно дете најмлада жртва од Ковид-19 во Албанија
-->
Петгодишно дете почина како последица од комлликации со Ковид-19, што е најмладата жртва од опасниот вирус во Албанија.
Според албанските медиуми детенцето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана.
-Поради влошената состојба потоа беше транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но момченцето со иницијали М.Н. не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, наведува Ора њуз.
Детето имало голема тежина, околу 54 килограми.
Според официјалната статистика на Министерството за здравство детето од Саранда е 2.881 жртва од Ковид- 19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март минатата година опасниот вирус е дијагностициран кај над 800 деца
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ