Петер Маѓар бара оставка од претседателот на Унгарија по победата на изборите

Лидерот на победничката партија „Тиса“, Петер Маѓар, побара од унгарскиот претседател Тамаш Шуљок да поднесе оставка веднаш по формирањето на новата влада. Пред денешната средба во претседателската резиденција, Маѓар изјави дека Шуљок мора да се повлече од функцијата за да се испочитува волјата на народот.
- Претседателот Шуљок не е способен да го претставува единството на унгарската нација, не е достоен да биде чувар на владеењето на правото и не може да служи како морален компас за народот – изјави Маѓар за новинарите, нагласувајќи дека оваа порака ќе му ја пренесе директно на шефот на државата.
Тамаш Шуљок беше избран од парламентот во февруари 2024 година. Маѓар посочи дека доколку претседателот не се повлече доброволно, неговата партија ќе иницира измени на Уставот. Од претседателскиот кабинет соопштија дека Шуљок ќе ги разгледа изнесените аргументи.
По состанокот, Маѓар потврди дека претседателот ќе му го додели мандатот за состав на новата влада. Се очекува конститутивната седница на парламентот да се одржи на почетокот на мај, додека инаугурацијата на новата влада се планира во текот на истиот месец.
МИА
Ново на Сител
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
