Петелот Морис, симбол на руралната средина во Франција повеќе нема да пее
Морис, беше најпознатиот петел во Франција, симбол на руралната традиција, наспроти урбанизацијата, тој пцовиса од болест, соопшти неговата сопственичка на островот Олерон, јави дописникот на МИА.
Смртта на петелот била во мај, но сопственичката Корин Фесо, сакаше да заврши изолацијата бидејќи „Ковид беше поважен“ од нејзиниот петел
-Морис беше амблем, симбол на руралноста, херој, го поздрави неговата сопственичка.
Минатото лето петелот Морис беше во центарот на судски конфликт, отворен од соседите кои се жалеа на утринското пеење на петелот. Правдата пресуди во корист на петелот, кој можеше се до последниот здив и понатаму да пее. Предметот стана симбол на конфликтите меѓу староседелците и новодојдените, најчесто од град, кои често па дури и пред судови се жалат на пеењето на петлите, мукањето или клопотарците на кравите или биењето на селскиот саат.
Полемиката за петелот се најде на насловните страници на францускиот и меѓународниот печат и таа се совпадна со медиумската кампања која се водеше за одбрана на буката и мирисот на руралните средини, која доведе до гласање во јануари на предлог закон со кој се воведува поимот „сензорно наследство (на чувства)“ на француските села.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред