-->
-->
Петар уловил вистински ѕвер: Дали ова е најголемата дива свиња во светот?!
-->

Петар Максимов од Чељабинск од Русија успеал да улови дива свиња од половина тон во шумите на Урал. Овој 36-годишен ловец, ловел во шумата во близина на селото Сокуров, ставил мамка и чекал да се појави свињата.
Не е познато што користел како мамка, но со тоа ја привлекол најголемата дива свиња кој некогаш ја видел во животот.
По шокот се смирил и пукал во свињата, но не ја убил.
Ранетото животно побегнало во шумата, а Петар бил многу исплашен па повикал помош.

- Свињата беше толку голема, што не можевме да ја внесеме во автомобилот. Моравме да ја врземе со јаже и така да ја влечеме до селото. Кога стигнавме беше касно навечер, а луѓето во шок излегуваа од куќите и го гледаа животното, - изјавил Петар за руските медиуми.
Познато е дека дивите свињи во источна Европа можат да достигнат големина мечка и тежина над 270 килограми, но оваа свиња е несомнено една од најголемите членови на својот вид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
-

Етничката припадност често е причина за конфликт меѓу младите
-

Со грантови со ЕУ се поттикнува социјалното претприемништво во земјава
-

Полицијата го олеснува визниот режим за турските студенти
-

Наградата „Жива“ можност за поголема промоција
-

Преглед на вестите од светот
