Пет важни одлуки и девет иницијативи на последната седница на Уставен суд за 2025

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да се донесат конечни одлуки за пет предмети.
Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите на судиите. Подносителите тврдат дека намалувањето на коефициентите за плати претставува повреда на стекнато право и не се темели на реални околности, посочувајќи судска пракса во која веќе е утврдена разлика во исплатите за јануари 2024 година.
Судот ќе ја разгледува и иницијативата поднесена од Здружението на јавните обвинители преку претседателот Елвин Вели. Иницијативата се однесува на измените на законите за платите на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители, за кои подносителот тврди дека го нарушуваат принципот на независност и ја намалуваат предвидливоста на месечните приходи.
На дневен ред е и предметот со кој Иван Мирчевски и Александар Видиновски го оспоруваат Правилникот за сообраќајни знаци од 2020 година, тврдејќи дека употребата на кратенката за државна ознака не е во согласност со меѓународните кодови МК и MKD, туку непрописно се користи NMK.
Треба да се разгледуваат и предметите со кои Судот уште во февруари 2025 година поведе постапка за измените на Кривичниот законик, за што беше оставен шестмесечен рок до Собранието да постапи според укажувањата на Судот.
На седницата е вклучен и предметот што се однесува на оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
МИА
Ново на Сител
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
-

Си Џинпинг во новогодишната порака го пофали напредокот на Кина и навести потенцијално присоединување на Тајван
-

Путин уверен во победата во Украина во својата новогодишна порака
-

Андоновски: Во 2025-та испорачавме, а во 2026-та ја забрзуваме дигиталната траснформација на Македонија
-

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје
-

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“
