Пет стихозбирки во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“
Жирито за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ избра пет поетски книги во потесен избор од пристигнатите 46 од 45 автори на конкурсот за најдобра поетска книга на македонски јазик издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.
Тоа се стихозбирките: „Морето ми е до колена“ од Јовица Ивановски, „Глагољубни песновиденија“ од Димитар Пандев, „Времено и трајно“ од Јован Стрезовски, „Посланија и риданија“ од Кочо Топузовски и „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски.
Од нив ќе биде избран добитникот на најпрестижното годишно национално признание за поезија во Македонија, кој ќе биде соопштен на прес-конференција на жирито на 26 август за време на одржувањето на годинашните Струшки вечери на поезијата.
Составот на жири-комисијата и понатаму ќе остане таен до донесувањето на конечната одлука.
- Согласно програмските измени од минатата година, во посебна програмска содржина ќе бидат претставени поетите чии книги се нашле во потесниот избор, соопшти дирекцијата на фестивалот.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП