Пет сообраќајќи во Скопје, двајца полесно повредени
Пет сообраќајки од кои две со повредни лица со полесни повреди и три со материјална штета се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје.
Во двете сообраќајни несреќи повредени се еден сопатник и еден пешак.
Од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, осум возачи поминале на црвено светло, односно не ги почитувале правилата за првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, а девет возачи кои не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилниот телефон додека возеле. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале надвор од пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука во 19 часот во Полициската станица од општа надлежност во Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот