Свет
28. јуни 2016 - 12:13

Пет практични последици за Британците по Брегзит

БТА - Софија

Независно дали живеат во Обединетото Кралство или во друга земја од Европската унија, во секодневието британските граѓани веројатно брзо ќе започнат да ги чуствуваат последииците од излегувањето на земјата од ЕУ. Кои се главните промени кои може да се очекуваат од таа разделба.

За Британците во Обединетото Кралство:

Визи

Најнепосредниот и видлив ефект веројатно ќе се почувствува при слободата на движењето на британските граѓани во другите земји од ЕУ. Ако досега за движење во Шенгенскиот систем беше неопходен само обичен документ за идентификација, иако Велика Британија не беше дел од него, по излегувањето од блокот на 28-те членки, Британците ќе треба да имаат виза за да патуваат по континентот на Европа. Досега само 44 од 209 држави бараа визи за британските граѓани.

Патување

Британските домаќинства ќе треба да се подготват да плаќаат повеќе од пртетходно, ако сакаат да одат на одмор на стариот континент - не само затоа што падот на вредноста на фунтата кон еврото неизбежно ќе ја намали нивната куповна моќ, туку и по силата на заедничките договори која и овозможуваат на секоја европска авиокомпанија да оперира без ограничувања во фреквентноста, капацитетите или цените во европскиот водужен простор.

- Единствениот пазар му даде можност на „Рајанер“ да ја популаризира револуцијата со ефтини летови од Европа, потсети во средината на мај генералниот директор на британската нискотарифна авиокомпанија, Мајкл О`Лири.

Да не зборуваме за цените на роамингот кај мобилните телефони, кои исто така беа хармонизирани на европско ниво или за можностите кои ги даваат европските регулации - на пример, да добиеш парично обештетување при доцнење или откажување на лет.

Работни места

Иако приврзаниците на Брегзит ги претворија гарантирањето на работните места на Британците во еден од столбовите на својата кампања, постои веројатнот како резултат на излегувањето на Велика Британија од ЕУ многу работни места да бидат преместени на друго место, особено кај големите банки кои имаат канцеларии во лондонското Сити.

Џејми Дајмон, извршен директор на „Џеј-Пи Морган“ на почетокот на јуни предупреди дека американската банка која има повеќе од 16.000 вработени во Велика Британија, може да отпушти 1.000 до 4.000 лица, кои првенствено работат во банкарските канцеларии и трговски центри. „Морган Стенли“, од своја страна, има намера да префрли во ЕУ 1.000 од вкупно 6.000 работни места во Обединетото Кралство, а „Голдман Сакс“ се очекува да премести најмалку 1.600.

За Британците кои живеат во Европа:

Брегзиот излезе уште поголема главоболка за 1,3 милиони Британци кои живеат во други европски земји, најмногу во Шпанија (319.000 луѓе), Ирска (249.000), Франција (171.000) и Германија (100.000).

Пензионери

Приходите на пензионираните Британци може да започнат да се топат како снег заради силнто обезвреднување на фунтата, што може да биде закана за нивнте инвестиции во имоти во државата каде живеат.

- Ја добивам пензијата во фунти во Велика Британија и беспомошно ќе гледам како приходите ми се намалуваат. Ќе се обидам нешто да жртвувам - годиѓниот одмор, автомобилот или куќата или да се вратам, прогнозира Брајан Хинчклив, пензиониран учител кој од 2000-та година живее во Перигор, Франција.

Здравствено осигурување

Друг проблем изникнува со здравственото осигурување на Британците кои живеат во странство, на пример во Франција, каде тие го користат националниот систем за осигурување, но по сила на билатиралниот договор за тоа плаќа британското јавно здравство. Во истиот дух отсега натаму од Британците кои работат во ЕУ може да почне да се бара да се откажат од работата.

Еврократи

Професионалната судбина на околу илјада британски чиновници кои работат во европските иституции, а најмногу во Брисел, исто изгледа понесигурно од кога било досега. Некои од нив веќе размислуваат да земат второ европско државјанство, посебно белгиско.

Нови граници?

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ може да има една понеочекувана последица - да ги направи односите со некои непосредни соседи проблематични. Шпанија може да се обиде да ја затвори својата граница со Гибралтар - територија со површина од шест квадратни килоемтри јужно од Андалузија на која живеат 33.000 Британци.

Во посеверниот дел на Европа, Брегзитот може да доведе до воведување на граница меѓу Северна Ирска и Ирска, со што ќе се отежне секојдневното патување на илјадници луѓе.