-->
-->
Пет позитивни за коронавирусот во Сент Етјен
-->
Фудбалскиот клуб Сент Етјен потврди дека тестовите на играчи и вработени откриле пет позитивни случаи на новиот коронавирус.
Сите заразени сега се наоѓаат во домашна изолација, а клубот ги продолжува подготовките за почетокот на новата сезона.
Патем, тестирани се 33 играчи, 21 члена на стручниот дел од тимот и 38 вработени во клубот. Тројца фудбалери и двајца членови на стручниот штаб беа позитивни.
– Сите пет заразени лица се сретнаа во карантин и дотогаш не беа во контакт едни со други, објавија од францускиот клуб.
Француската лига е една од ретките во Европа што го објави крајот на првенството по избувнувањето на пандемијата на коронавирус.
Новата фудбалска сезона во таа земја започнува на 23 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре