Македонија
22. August 2021 - 14:37

Пет пациенти починаа во Ковид центарот во Тетово

Петмина хоспитализирани го изгубиле животот, а 14 нови пациенти се примени на болничко лекување во Тетово во последните 24 часа, информираше д-р Гзим Нуредини од Ковид-центарот во тетовската болница.

-Најмадиот е роден 1972 година, на околу 49 години. Немаме точна анамнеза, но немаме информација дека имал хронична болест. Исто така, имаме и примено на болничко лекување млади лица од 35 до 45 години. Се уште алармот е на црвено и болеста ги фаќа и младите. Бројот на амбулантски прегледи е се уште висок, што значи ќе има уште многу приеми, изјави д-р Нуредини.

На болничко лекување во Ковид-центарот во тетовската болница има 123 лица. Од нив само тројца биле вакцинирани со две дози.

Ново на Сител