Пет објекти изгореа во голем пожар во тетовскo Вејце, повредени четири лица

Четири лица со полесни повреди, еден хоспитализиран за испитување, изгорени вкупно пет објекти-куќи и штали со добиток е билансот од пожарот што вчера попладне се случи во тетовското планинско село Вејце. Пожарот започнал во 16 часот, а биле потребни неколку часа за да се изгаси и ликвидира.

– Интервениравме со два противпожарни камиони и седум пожарникари. Дадовме максимум да го ставиме под контрола. Имаше ветер што придонесе за ширење на огнот, истакна Ука Алити, командант на тетовската Противпожарна единица.

Од Итната медицинска помош на самото место е пружена помош на четири лица, а едно лице е однесено на интерно одделение за понатамошни испитувања.

Мештаните на кои им изгореле шталите имаат штета и поради тоа што им изгорел и дел од добитокот.
Ново на Сител
-

Приведен Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Карпош и директор на Царина
-

Маж од Скопје изгубил 309.800 денари, измамен од лице кое требало да му посредува за кредит
-

Кривичнa за инвеститор и општинска инспекторка поради уривање на заштитен објект во Куманово, посветен на народниот херој Киро Фетак
-

Уапсен 46-годишник од Скопје, пукал кон полицајци кои сакале да го легитимираат
-

74-годишен тетовец пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-

Мицкоски за контролата на АХВ: Најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните
-

Јатрви се степале по расправија за нивните малолетни деца во гостиварско
-

Преглед на вестите од светот
