Пет нови паркинзи во Карпош 1
Во скопската населба Карпош 1 изградени се пет нови паркиралишта, лоцирани на улицата „Никола Тесла“ бр. 8, 12 и 16, на улицата „Гиго Михајловски“ бр.2 и на улицата „Руѓер Бошковиќ“ бр. 5. Петте паркиралишта се со вкупна површина од 2.503 метри квадратни и простор за околу 80 возила.
- На некои од овие паркинзи поставуваме и атмосферска канализација со цел да имаме поквалитетно одводнување и да може да обезбедиме поголем паркинг простор за граѓаните на Карпош 1, бидејќи овој дел од општината е густо населен, рече градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски. Додаде дека во изминатиот временски период онаму каде имало услови, изградиле паркиралишта.
Инвестицијата е вредна 3.326.735 денари и е платена од буџетот на општина Карпош. Фирми изведувачи на паркинзите се: Анизор, Ексико ДООЕЛ, Бауер БГ, Чингар Инженеринг и Еуроинвест Инг, односно пет различни фирми за петте паркинзи.
Ново на Сител
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“