-->
-->
Пет намирници кои можат да му наштетат на вашето здравје
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/april/81888-109673-51586.jpg?itok=bivKk8yl)
За некои од намирниците можеби ќе бидете навистина зачудени затоа прочитајте...
И денес зборуваме за раскинување, но раскинување со одредени намирници кои можат да му наштетат на вашето здравје.
Кога велиме раскинување, мислиме буквално никогаш повеќе да не посегнувате по нив. За некои од намирниците можеби ќе бидете навистина зачудени затоа прочитајте...
Бело брашно
Било кој македонец на ова ќе изреагира со потсмев, бидејќи во нашата држава е карактеристична обемната примена на оваа намисница. Но, истражувањата и анализите воопшто не одат во прилог на белото брашно, бидејќи тоа нема скоро никакви здрави елементи, а влијае и лошо на регулацијата на шеќерот во крвта.
Купечки овошен јогурт
Овошен јогурт е здрав за консумација, но ако си го направите сами во спротивно се става во групата на штетни намирници. Во купечките овошни јогурти се додаваат многу шеќери и адитиви кои се штетни за вашето здравје.
Диететски газирани пијалаци
Нема многу опширно да објаснуваме, газираните пијалоци се штетни, но оние кои се таканаречени диететски се уште по штетни, го зголемуваат ризикот од мозочен удар, како и ризикот да добиете диабет.
Суво овошје од маркет
Сувото овошје е можеби подобра намирница од класичните грицки, но купеното суво овошје од пазарите и маркетите речиси никогаш не е органско производство. Има додатоци на шеќер и ново на пестициди кои остануваат во сувиот елемент.
Кофеински напитоци
Најдете друг начин да останете будни или да се разбудите. Кофеинот е повеќе од штетен отколку што можете да си замислите. Ги уништува мусклите, влијае лошо на црниот дроб и го пореметува сонот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата