Пет милиони евра обесштетување за непогодите од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги и поплавите во Арачиново
– За сите штети од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги поплавите во Арачиново, како и земјоделците од Преспа, ќе бидат исплатени пет милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Според Николовски, на последната владина седница, во вторникот, се усвои збирниот извештај кој опфаќа 29 општини и се утврдија 10 отсто за обесштетување.
-Износот на штета што ќе биде исплатена е 300 милиони денари. На следната седница Министерството за финансии е задолжено да ги подготви одлуките за исплата и парите да бидат префрлени на оштините, а оттука и на апликантите кои имале штети. Во овој збирен извештај е опфатена и Општина Ресен. Верувам дека средствата ќе бидат исплатени во најбрз можен рок. Се што требаше, Владата направи, нагласи министерот.
Тој потсети дека за обесштетувањето требало да се сменат два закона за земјоделство и за заштита и спесување, по што била донесена нова методологија, а се формирала и нова државна комисија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии