-->
-->
Пет лица загинаа во пожар во дрвена колиба во Норвешка, од нив четири деца
-->
Пет лица исчезнаа по пожар во дрвена колиба во северна Норвешка, од кои четири се деца на возраст под 16 години, наведе полицијата.
Според шефот на регионалната полиција, тие стравуваат дека лицата загинале во пожарот, што избувна во општина Андеј.
Полицијата отворила истрага за причините за пожарот, но во моментот нема индиции дека станува збор за нешто друго освен за „трагична несреќа“.
Полицијата потврди дека шестте лица биле во колибата за време на пожарот, но наведуваат дека се уште е рано да се каже нешто за причините за пожарот, пренесува Норвешка тудеј.
Во потрагата по исчезнатите, покрај екипи на теренот, учествуваат и хеликоптер и дрон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа