-->
-->
Пет лица уапсени во Турција за навреда на Ердоган
-->
Пет лица беа уапсени во Турција за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесува БТА.
Петтемина мажи од јужниот округ Шанлафура се обвинети дека го навредиле претседателот на социјалните мрежи.
Уапсено било и шесто лице, но набрзо потоа ослободено.
Процесите за навреда на Ердоган зачестија од неговото избирање за претседател во август 2014 година, што според неговите противници е знак за неговото авторитарно однесување.
Во Турција започнале над 2.000 судски процеси против новинари и луѓе од уметноста, како и против обични граѓани. Казните во тие процеси во повеќето случаи се ограничуваат до пресуда затвор условно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат
-
Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери | ФОТО
-
50 годишна професорка нападната од колега во Виница