Пет лица со симптоми на труење со храна побарале лекарска помош, затворена кафеаната „Бакал“ во Брвеница
Денеска, по добиената телефонска дојава од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Тетово, во врска со труењето со храна во ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ с.Брвеница, Тетово, Државниот санитарен и здравстен инспекторат од ПО Тетово изврши е вонреден координиран инспекциски надзор со претставници од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство ПО Гостивар, соопшти Министерството за здравство.
Според нив општата санитерно-хигиенска состојба во објектот е на задоволително ниво, во објектот има уредни санитарни книшки за 11 вработените со извршен санитарен преглед во рок како и потврда за извршен ДДД од овластена установа исто така во рок. Од страна на ЦЈЗ Тетово во соработка со ДСЗИ земени брисеви од раце од 5 затекнати вработени лица при надзорот како и 6 брисеви од нежива средина прибор, рабтни површини, опрема.
Надзорот од страна на ДСЗИ е направен по епидемиолошка индикација односно заради тоа што на ден 14.09.2019год.во вечерните часови, пет лица со симптоми на труење со храна побарале лекарска помош во ЈЗУ УК Инфективни болести и фебрилни состојби, а кои согласно епидемиолошката анкета конзумирале храна во текот на денот во ресторанот ДПТУУ-Бакал Бакеро експорт импорт ДООЕЛ од Брвеница, Тетово
Со цел да се превенира натамошно ширење на евентуално труење со храна, објектот како потнцијален извор на заразна болест, од страна на ДСЗИ ПО Тетово записнички и со службена лента е збранет и затворен за употреба се до
добивање на резулати од земените примероци и спроведување на потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.
Ново на Сител
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад