Пет грешки при варењето јајца за Велигден
За да не ви се случи за Велигден да останете со мноштво испукани јајца што ќе бидат неупотребливи за бојадисување, еве што треба да избегнувате.
Иако нема некоја голема филозофија во подготвувањето варени јајца, сепак овие грешки во подготвувањето на јајцата може да го расипат општиот впечаток.
Користите погрешно тенџере
Во никој случај немојте да се обидувате да сварите повеќе јајца во мало тенџере. Освен тоа што некои јајца нема добро да се сварат, друг дел ќе испукаат поради притисокот.
Немојте да ставате неварени јајца во вода што врие
Ако мислите дека на тој начин ќе го скратите процесот на варее, тогаш се лажете. Правило број еден е јајцата да ги варите во студена вода. На тој начин температурата подеднакво ќе расте, јајцата ќе се сварат рамномерно и нема да испукаат.
Немојте да варите свежи јајца
Тврдо сварените јајца може да бидат незгодни за лупење. Колку јајцата се постари, толку полесно ќе можете да ја извадите лушпата од нив.
Преварени јајца
Ова може секому да му се случи, но доколку не сакате да добиете јајце што изгледа како да не може да се јаде, тогаш никако немојте да го варите подолго од 10 минути.
По варењето измијте ги јајцата во студена вода
Кај јајцата, но и кај други производи процесот на варење не престанува оној миг кога ќе го тргнете тенџерето од шпоретот. Доколку не сакате да ги преварите јајцата, тогаш измијте ги во студена вода веднаш по варењето.
Ново на Сител
-

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран
-

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче
-

Собранието ја утврди потребата за носење неколку закони, меѓу нив измените на законите за возила и за безбедност на сообраќајот
-

Кривична против две лица од Велес, одзеле паричници со пари по што од банкарски картички подигнале 23.000 денари
-

Трамп бара нов правен основ за казнените царини врз други земји
-

Родители на загинатите во „Пулс“: Комеморацијата е задоцнета
-

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место, случаите треба веднаш да се пријавуваат
-

Христодулидис: Кипар е безбедна земја
