Пет години по пандемијата СЗО се уште чека податоци од Кина за Ковид-19
Пет години откако беа регистрирани првите случаи на ново белодробно заболување во кинескиот град Вухан, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се уште очекува целосна соработка од Пекинг за да се разјасни потеклото на пандемијата Ковид-19, јави ДПА.
„Ова е морален и научен императив. Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за да можеме да го разбереме потеклото на Ковид-19. Без транспарентност, споделување и соработка меѓу земјите, светот не може да спречи и соодветно да се подготви за идни епидемии и пандемии, предупреди СЗО.
Во 2021 година, заедничка комисија од кинески и експерти на СЗО го посети Вухан. Во својот последен извештај, комисијата ја смета „веројатна до многу веројатна“ теоријата дека коронавирусот потекнува од диви животински видови, а потоа се проширил на друг животински вид пред да се појави кај луѓето.
Сепак, потеклото и рутата на пренос не можат јасно да се дефинираат.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања