Пет години од смртта на Вацлав Хавел

Пет годишнината од смртта на Вацлав Хавел, поранешниот чешки претседател, поет и дисидент, денеска во Прага се одбележа со миса со која богослужеше прашкиот архиепископ и кардинал Доминик Дука, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
На присутните верници, политичари и членови на семејството, Дука им рече дека Хавел својот живот го посветил на спасувањето и обновата на чешката слобода.
- Се залагаше за суверенитет на народот, владеење на рационалноста, толеранцијата и почитта кон другиот, не знаеше за омраза, рече свештеникот.
Првиот чешки претседател почина на 19 декември 2011 година на 75-годишна возраст.
Во негова чест се одржуваат повеќе настани во земјата. Организирани се читања на неговите дела, претстави, а вечерва ќе се одржи т.н ноќен поход на Прашкиот замок, каде луѓето во чест на политичарот и драматург ќе ги завиткаат ногавиците на пантолоните.
„Завитканите ногавици на пантолоните“ станаа синоним за Хавел потсетувајќи на почнување на неговиот претседателски мандат во поранешна Чехословачка.
На снимките од тоа време, во 1989 година по „Кадифената револуција“ и падот на комунистичкиот режим, за кои и самиот Хавел често пати се шегуваше, неговите пантолони се кренати високо над струкот и ногавиците му достигнуваат едвај над глуждовите.
Многубројни граѓани во чест на Хавел палат свеќи на повеќе плоштади во чешкиот главен град и други места.
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
