Пет фирми заинтересирани да ја градат новата штипска градинка
Заврши тендерската постапка за пријавување на градежните компании за изградба на новата детска градинка во штипската населба „Сењак“.
Трајче Стојчевски од општина Штип информира дека постапката ја спроведува Центарот за развој на Источно планскиот регион, а како што се информирани до вчера се пријавиле вкупно пет фирми кои се заинтересирани да ја градат детската градинка, која ќе биде со капацитет за околу 200 деца.
По отворањето на понудите, следи фаза на евалуација односно разгледување, споредување и оценување на понудите. По ова, ќе се утврди кои од понудувачките ги исполнуваат условите за учеството на електронската аукција. Компаниите на аукцијата ќе имаат можност да ги намалат своите првично поднесени цени. По завршување на електронската аукција, системот ги рангира фирмите според цените, а ќе биде избрана онаа која ќе понуди најниска цена.
Вредноста на проектот е 36,8 милиони денари од кои 15,9 милиони денари се од Бирото за рамномерен регионален развој. Општина Штип од буџетот за овој капитален објект има издвоено над 20 милиони денари.
Ново на Сител
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година
-
Задолжителниот воен рок во Хрватска ќе започне кон средината на следната година
-
19 годишник од беровско во „алфа ромео“ превезувал 10 мигранти
-
Без струја утре делови од општините Сарај и Бутел
-
Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија