Балкан
13. January 2019 - 10:14

Пет деца спасени во Банско

Пет деца на возраст од 12 до 15 години се спасени во Банко, Бугарија откако возеле сноуборди и излегле надвор од скијачките патеки.

Српските медиуми јавуваат дека екипите за спасување реагирале на повикот за помош што децата од Србија го упатиле околу 4 часот вчера попладне.

Нивната состојба е добра и тие поминале без посериозни повреди.