Песни од стихозбирката „Црно на бело“ на Димковска преведени на повеќе јазици
Неполна година од објавувањето на последната поетска збирка на Лидија Димковска „Црно на бело“, песните од збирката се препеани и објавени на повеќе од десет јазици.
Препеани на англиски јазик излегоа во американското списание „Светската книжевност денес“ заедно со поголемо интервју со Димковска, како и во американските списанија за литература „Поетри интернешнл“ и „Плам“.
Песни од збирката „Црно на бело“, која во Македонија ја објави „Или-Или“, досега се објавени и во превод на германски јазик, во австриското списание „Манускрипте“ и во антологијата „Берлин чита“, како и во избори, антологии или списанија на полски, словенечки, бугарски, холандски, корејски, романски, шпански, босански и српски јазик, а наскоро повеќе песни од стихозбирката на Димковска ќе излезат во препев на француски во списанието „Ла традуктиер“.
Збирката во целост годинава ќе биде објавена во препев на словенечки јазик во издавачката куќа „Цанкарјева“ во Љубљана а, според авторката, се најавуваат можности и за публикување на англиски во САД.
Ново на Сител
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта
-
Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени