Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија не сака привремено примирје што би ѝ дало пауза на Украина за да ја продолжи војната, туку целосен мир.
-Ние сакаме мир. Не сакаме примирје за да ѝ дадеме пауза на Украина и да ја подготвиме за продолжување на војната – изјави Песков пред новинарите, коментирајќи го предлогот на Киев за божиќно примирје.
Песков додаде дека Москва ќе учествува во разговорите само ако постои искрена желба за постигнување траен договор.
-Доколку Украинците го заменат постигнувањето договор со краткорочни, неодржливи решенија, малку е веројатно дека ќе бидеме подготвени да учествуваме – рече тој.
Според него, руската позиција е јасна, конзистентна и добро позната на САД и Украина.
-Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели и да обезбедиме мир во Европа за иднината – додаде Песков.
МИА
Ново на Сител
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
-

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила
-

Удавен добиток, поплави, уништени земјоделски посеви - обилните дождови предизвикаа сериозни штети во Струмичко
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
