Песков: Русија ќе испрати помош за САД

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков најави дека Русија ќе испрати авион со медицинска и заштитна опрема во САД.
– Се очекува авионот да полета до крајот на денот, изјави синоќа Песков.
Тој додаде дека помошта е договорена во понеделникот за време на телефонскиот разговор помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Песков наведе дека Русија понудила помош во вид на медицинска и заштитна опрема, свесна за „тешката епидемиолошка ситуација“ во САД.
– Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна помош, посочи Песков.
Портпаролот на Кремљ наведе дека Путин нудејќи им помош на САД, имал во предвид, кога американските производители на медицинска опрема обезбедат резерви да и врата на Русија на ист начин. Тој додаде дека на таков принцип соработуваат Мосва и Пекинг.
– Сега кога моменталната ситуација влијае и може да се окарактеризира како глобална, не постои алтернатива за заедничката работа во духот на партнерството и взаемната помош, истакна Песков.
Ново на Сител
-

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина
-

Без струја делови од Карпош и Гази Баба
-

Променливо облачно со сончеви периоди, следува стабилно и потопло време
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
