Песков: Путин и Ердоган би можеле да остварат средба во најскоро време
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведе дека претседателот на Русија, Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган би можеле во најскоро време да оставарат телефонски разговори и да одржат состанок.
Песков синоќа изјави дека деталите поврзани со можните контакти на двајцата претседатели се уште се разгледуваат.
Ердоган, кој престојува во Њујорк поради учеството во Генералното собрание на ОН, синоќа истакна оти се надева дека в понеделник телефонски ќе разговара со рускиот претседател, а в четврток има намера да оствари средба со него.
Турскиот претседател посочи дека сака со неговиот руски колега да ја разгледаат ситуацијата во Сирија, како и купувањето на ракетните системи „С-400“ од Русија.
Американските медиуми јавија дека Ердоган ќе одржи состанок со Путин на 28 септември.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка